Радио Милева
интересно

„Ни треба објаснување““: Тејлор Свифт на чуден начин ги пишува стиховите (видео)

„Ни треба објаснување““:  Тејлор Свифт на чуден начин ги пишува стиховите (видео)

Откако на Интернет се појави слика на Тејлор Свифт како држи пенкало, луѓето останаа зачудени.

Тејлор Свифт несомнено е една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, која го освои светот со турнејата „Ерас“.

Покрај нејзините вокални способности, Тејлор се издвојува од останатите и по тоа што е кантавторка на сопствени песни. Она што сега стана интересно е начинот на кој таа всушност ги пишува стиховите.

Спотот за песната „Анти-херој“ кој беше објавен минатата година привлече големо внимание овие денови. Во една сцена пејачката пишува на хартија, а екипата на Интернет не може да не се запраша како Тејлор држи пенкало. Таа го држи пенкалото меѓу показалецот и средниот прст, што изгледа прилично незгодно.

После тоа, многу луѓе ги пребараа нејзините фотографии и забележаа дека таа секој пат го држи своето пенкало на ист начин, дури и кога дава автограми.

Коментарите се како и секогаш многу креативни. „Мојата 2024 година е со груб почеток бидејќи штотуку дознав како Тејлор Свифт го држи моливот“, гласи една објава на „Х“ (поранешен Твитер). „Опседната сум со начинот на кој Тејлор го држи пенкалото  во моментов“, „Чекај, што?“,, „Ни треба објаснување“, „Само се обидов да пишувам така и тоа е толку непријатно“, „Таа може да држи  пенкало и да свири  гитара во исто време“, „И јас го држам моливот така. Многу е поудобно кога ми треба долго време да пишувам“, се некои од коментарите.

Фото: Принтскрин/Instagram/X

 

Останати вести од Радио Милева