Радио Милева
го сруши рекордот

Доделени  „Греми“ наградите: Тејлор Свифт го сруши рекордот, а нејзината појава предизвика хаос (фото) 

Доделени  „Греми“ наградите: Тејлор Свифт го сруши рекордот, а нејзината појава предизвика хаос (фото) 

Престижните Греми награди беа доделени по 66-ти пат, а церемонијата одржана синоќа во Лос Анџелес не помина без скандали.

Тејлор Свифт  се истакна и за нејзиниот албум „Midnights“ освои „Греми“ во категоријата албум на годината, што и ја донесе четвртата победа во таа категорија во текот на нејзината кариера.

Со ова познатата пејачка го собори рекордот бидејќи стана првата изведувачка која четири пати ја освоила Греми.

Свифт го освои и најдобриот поп вокален албум и ја изненади публиката со најавата дека на 19 април ќе го објави својот следен албум The Tortured Poets Department.

„Знам дека начинот на кој гласаше Академијата е директен одраз на страста на фановите, па затоа сакам да им се заблагодарам на нив со откривање на тајната што ја чував од вас во последните две години“, им порача Свифт на воодушевените обожаватели.

„Што значи дека мојот сосема нов албум ќе биде објавен на 19 април. Се вика „The Tortured Poets Department“, рече таа.

Со тоа изненади многумина кои очекуваа и шпекулираа дека Свифт ќе објави реиздание на нејзиниот албум „Reputation“ од 2017 година на Греми и на тој начин ќе продолжи да ја презема контролата врз нејзината музика, која ја купи Скутер Браун во 2019 година, без нејзина дозвола.

Непосредно пред доделувањето на Греми, таа ја смени и својата фотографија на профилот во црно-бела верзија на претходната (црно-бела е бојата на албумот Reputation), поради што најавата за новиот албум ги изненади нејзините фанови уште повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

На социјалните мрежи го објави и визуелниот изглед на новиот албум. Во љубовта и поезијата се е дозволено“, напиша таа покрај објавата.

Фото: printskrin/instagram/Tejlor Svift

Останати вести од Радио Милева