Радио Милева
што поголо, тоа подобро

По градник за везден: Мартија Станојковиќ умее смело секси стајлинзи да комбинира, па дури и кога вежба преферира да доминира (фото)

По градник за везден: Мартија Станојковиќ умее смело секси стајлинзи да комбинира, па дури и кога вежба преферира да доминира (фото)

Откако активно почна со настапи низ клубови и дискотеки низ земјата, маладата кумановка Мартија Станојковиќ е и тоа како посветена на изгледот, провокацијата и доминацијата на сцена. Речиси и да не сме ја виделе или барем не се пофалила со тоа како вежба и држи кондиција за пеење, но затоа за се’ останато кога е визуелниот печат во прашање, Мартија се дава до максимум и е во полна снага.

За пејачките, голотијата како дел од визуелниот изглед на сцена важи од поодамна, така што ретко која, особено од помладите, не покажала гол стомак, гради на мегдан, ултра високи шлицови… А се’ тоа како сосема нормален и незаобиколен дел од шоубизнисот. Исклучоци секогаш има, но веќе се ретки и се бројат на прсти тие кои се базираат на скромноста на сцена, а на прво место е нивната вокална умешност и хитовите кои ги имаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Талентираната кумановка дефинитивно е во оние првите – млади следбенички на естрадните трендови.

Во стајлинзите на Мартија долната облека секако е неизоставен дел, само разликата од примената на истата е тоа што кај неа секогаш и секаде треба да биде видилива. Од сензуална и секси тантела, до спортски градници и корсети, Мартија смело ги комбинира и преферира да доминира, па дури и во сала за вежбање.

Па така, младата пејачка од своите најнови објави се пофали дека почнала да вежба пилатес, а покажа и дека е еластична како гума.

Свиткана како ѓеврек, расегната во една и друга поза, се до совршен релакс и целосно активно тело и мускули. Изгледот односно стајлингот веќе очекуван – градник и тесни хеланки од кои дури и тука сакаше да биде во фокус.

Се’ во свое време и години, а Станојковиќ оправдано во фаза кога и е највозбудливо, ужива во се’ она што и го носи младоста и популарноста, а со тоа се надоврзува и фактот за нејзиниот карактерен темперамент едноставно центарот да биде ТАА.

фото:Instagram printscreen/ martijastanojkovic

Останати вести од Радио Милева