Радио Милева

„Пееше со солзи во очите“: Еве што пишуваат регионалните медиуми за настапот на Тамара на Евровизија

„Пееше со солзи во очите“: Еве што пишуваат регионалните медиуми за настапот на Тамара на Евровизија
фото: принтскрин

На втората полуфинална вечер на „Евровизија“ настапи и Тамара Тодевска под реден број 17.

Таа се претстави со песната „Proud“, а нејзината моќна и емотивна изведба и овозможи пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота.

Македонската јавност ја подржа Тамара и доби многу пофалби  и убави коментари.

Меѓутоа, таа добива и позитивни коментари од цела Европа и од соседството.

Медиумите во регионот пишуваат само убави зборови за нашата претставничка.

„Сестрата на Тијана Дапчевиќ ја претставуваше Македонија на Евровизија, а еден детаљ ги разнежи сите“,

фото: притнсркин/телеграф

„Сестрата на Тијана Дапчевиќ пееше со солзи во очите: Тамара Тодевска ја претстави својата земја на Евровизија со многу силна емоција“,

фото: принтскрин/курир

„Фотографија која воодушеви: Сестрата на Тијана Дапчевиќ на Евровизија имаше посебна порака, а овој гест по настапот предизвика силен аплауз“, се само дел од насловите кои се најдоа во вестите на регионалните медиуми.

фото: принтскрин/блиц

За потсетување, Тамара ќе настапи под реден број 1 во сабота во финалето на Евровизија.

Останати вести од Радио Милева