Промотер

Пајак и Лара во дует пејат за секојдневието на еден вљубен пар и нивниот љубовен пат во – “Bella” (ВИДЕО)

Пајак и Лара во дует пејат за секојдневието на еден вљубен пар и нивниот љубовен пат во – “Bella” (ВИДЕО)

На штотуку завршениот “Макфест 2022”, едни од учесниците кои се појавија на фестивалската сцена беа и младите пејачки имиња, траперот Пајак и пејачката Лара Иванова кои заедно во дует со својата изведба ја промовираа нивната најнова песна која веруваат дека ќе биде голем хит.

“Bella” е насловот на песната, а за неа се погрижија Христијан Настески – Пајак кој ги напишал музиката и текстот, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот ги изработил Иван Јованов – Iwayo.

За оваа песна уште пред стартот на фестивалот од страна на Урбан Рекордс беше снимен видео спот кој веднаш по макфестовската изведба беше промовиран на нивниот YouTube канал.

Инаку Лара Иванова,  го привлече вниманието на јавноста со музичките песни; „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“…

Додека  Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува  дека овој млад пејач го очекува уште поуспешна кариера.

Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат.

„Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно…“, пеат Лара и Пајак, а вие во продолжение погледнете за што станува збор и како сето тоа изгледа во видеото (КЛИКНИ ТУКА):