Мегафон
Мисици...

Овие девојки беа избрани за најубави Ромки на „Ромскиот бал“

Овие девојки беа избрани за најубави Ромки на „Ромскиот бал“

Вчеравечер, четврток, 18-ти јануари 2024 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа Светскиот Ромски бал, кој сите присутни ќе го паметат по веселбата која траеше со часови. Но, еден од поважните моменти беше и изборот на Ромска убавица.

Прекрасни девојки учествуваа во трката за Ромска убавица. Во жири комисијата беа претставници на организаторот на настанот но и дел од другите присутни гости на на балот, меѓу кои и дел од највисокиот политички врв на земјата.

За најубави меѓу присутните девојки на изборот за „Мис Ромска убавица 2024“ беа избрани овие три кандидатки.

Извор и фото: Курир.мк