Радио Милева
прва желба во „вториот живот“

Ова се првите зборови на Дарко Лазиќ по будењето од кома: Еве, кого побара прв да види пејачот (ФОТО)

Ова се првите зборови на Дарко Лазиќ по будењето од кома: Еве, кого побара прв да види пејачот (ФОТО)

Откако лекарите го разбудија од вештачката кома, Дарко Лазиќ  не можел веднаш да зборува, но сигурно е дека  нема оштетубвање на мозокот и мемориските дупки.

Дарко добил голема доза на лекови и бил мамурен кога се разбудил за прв пат. Потоа лекарите не можеа да разберат што сака да каже, па затоа го оставија малку да се одмори. Фактот дека не може да ги изговори чисто зборовите е нормален кога се работи за пациенти со такви сериозни повреди. Често се случува, по будењето, луѓето да имаат дупки во меморијата или се  привремено збунети, па дури и агресивни. Кај некои доаѓа и до губење на ориентацијата. Сепак, штом пациентот е буден, сигурно може да се утврди дали мозокот е трајно оштетен. Ова за среќа, не е случај со Лазиќ, затоа што кога тој се разбудил по втор пат, околу седумнаесет часот, бил свесен и побарал кај него да му ја донесат свршеницата Марина“ – изјавил е добро информиран извор за српски “Курир”.

И додека бил во вештачка кома, лекарите ги предупредиле неговите родители да внимаваат на она што го кажуваат при посетата во шок собата, зашто тој  слуша се’ и може да запамети, а потоа да се сети на се’ што тие кажале.

„Експертите во КБЦ Земун сакаат Лазиќ да биде максимално заштитен од стрес. Тој има сериозни повреди и во таа состојба секоја погрешна информација што мозокот ја прима може да предизвика хаос во телото. Затоа лекарите разговарале со сите што дошле да го видат Дарко во посета и им советувале да не покажуваат грижа, емоции  кон него или солзи во било кој момент. Едноставно, медицинските работници сакале да го исклучат ризикот од несакани ефекти,  наведува изворот.

Извор: Опера 17.рс

Фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева