Радио Милева
од трње до ѕвездите...

Ова е синот на фолкерката Стоја и нивната потресна животна приказна: На 16 се омажила, на 17 го родила, на 19 сопругот и починал и останала сама со детето в раце на улица…

Ова е синот на фолкерката Стоја и нивната потресна животна приказна: На 16 се омажила, на 17 го родила, на 19 сопругот и починал и останала сама со детето в раце на улица…

Фолкерката Стоја Новаковиќ, која имала само 16 години кога останала бремена во селото Перлез. Родила син, а потоа завршила на улица со бебето во рацете откако нејзиниот сопруг трагично настрадал.

Имено, тој загинал само 3 години по нивната венчавка, па пејачката останала на улица, да се бори сама со детето кога имала само 19 години.

„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што и тој ме сакаше мене. Родив син на 17-годишна возраст и наскоро започнав да настапувам со една група, со согласност на мојот сопруг. Идилата траеше до мојата 19-та година, кога се случи таа несреќа, и тогаш сè тргна наопаку“ – ќе изјави Стоја.

„Семејството на мојот сопруг никогаш не ме сакаше, јас им пречев од самиот почеток. Истиот ден кога мојот сопруг беше погребан, неговото семејство не исфрли мене и моето тригодишно дете на улица! Јас дури не стигнав даси ги  земам личните работи, излегов онака, без ништо. Го гледам тоа мало дете и не знам каде одам“ – раскажа неодамна Стоја.

Родителите на Стоја исто така не се согласувале со нејзиниот предвремен брак, па таа не можела ни да се врати дома.

„Целиот тој ден, до доцна во ноќта, шетав низ селото, гласно врескав, липав и плачев! Мислев дека нема да преживеам. Следните неколку месеци, синот и јас се сместивме во куќата на мојата пријателка, која ја споделуваше последната шолја кафе и последното парче леб со нас. Секако, морав да продолжам да пеам во кафеани, за моето дете да има што да јаде“ – се сеќава Стоја.

Синот на пејачката, кого го родила на 17 години, се вика Милан. Со години живеел во Австралија кај една пријателка на Стоја, сè додека пејачката не изградила име во Србија, по што го вратила назад. Милан завршил средно медицинско училиште, тој никогаш не барал пари од мајка му, а нејзе и го направил животот совршен, со двете внучиња кои денес и се цел свет на Стоја.

Инаку Милан е вработен во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“.

Останати вести од Радио Милева