Радио Милева
ни за пари...

Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО)

Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО)

Да се настапи за 8-ми Септември денот на независноста на Македонија е веројатно голема чест за секој пејач. Впрочем и во далечната 1991 година кога на Градскиот плоштад во Скопје се прогласуваше независноста на слободна, самостојна и суверена Република Македонија, се пееше. Независноста беше прогласена со звуците на верзијата на песната „Македонија“  на култниот македонски рок бенд „Меморија“.

На 8-ми септември се пее и денес… Кога се прославува еден од најголемите државни празници во Македонија. Само што денес ниту Македонија за некого е свето име, за некого е прекрстена со она фалсификуваното – „Северна“.

А, „фалсификаторите“  како по навика решиле и годинава да направат „фалсификат“. По повод 8 Септември – Денот на независноста  традиционалниот народен пикник Пеленица во манастирот Св. Руса во Драчево, општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, решила да си го претвори во „партиска журка“. Повикале некои од најпознатите македонски фолк пејачи како: Сузана Гавазова, Благоја Грујовски, Сања Цинцева – Барбика, Виолета Пандовска,  екипата на ТВ фолк шоуто Мерак Меана, Јордан Митев, Адријана Ацевска – Кеш… ама не им кажале дека прославата ќе  биде политизирана и обележана со партсиски симболи, небаре е партсики собир, а не празнична државна прослава. Патем и ги најавиле на плакат на кој ги налепиле и своите партиски обележја.

Ваквиот обид за „подвала“ кај некој од пејачите предизвика револт и откажување на нивното учество од „партиската СДС журка“, скриена под плаштот на државната празнична прослава.

Така фолк пејачот Јордан Митев прв јавно одби да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел.

„Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица“ – информираше Митев во изјава за „Фокус“.

Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата Фејсбук страница, појаснувајќи дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани кој не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи.

Веднаш по него од учеството на „латентната партиска СДС забава“ се откажа и фолк пејачката Адријана Ацеска, попозната како Адријана Кеш која очигледно како и Митев „ни за пари“ не сакала да настапи на нешто што за неа и нејзината татковина Македонија е најсвето, а истото се присвојува и партизира.

„Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на Осми Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово… Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап“! – ќе порача пејачката напреку својот ФБ профил.

Во текот на денот таа на својот ФБ својата одлука ја дополни со уште едно појаснување:

По неа уште едни од учесниците повеќе ги нема на листата и рекламниот плакат на партиските организатори од СДСМ – Кисела Вода.

Имено, На првобитната објавена верзијаа убаво се гледа дека меѓу најавените се и дел од пејачите на најпопуларното музичко ТВ фолк шоу „Мерак меана“ кое оди на ТВ Сител. Арно ама, во новата верзија и „Мерак меана“ на плакатите повеќе ја нема!

На местото на оние што се откажаа почитувајќи си ја многу повеќе родната татковина отколку „партиската фешта“ или парите, осамнаа нови имиња, па сега листата на учесници изгледа вака:

Ако воопшто и оваа е конечна, зашто ова не им е на СДСМ прв пат „да излажат“ дека се слави едно, а во позадина да се крие нешто сосема друго, што не е од општонароден, туку од нивни личен, партиски интерес .

Така на пример во 2018 година Владата на Зоран Заев доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за божемната прослава на поканата на Македонија за влез во НАТО, па доби очајна посетеност, откако народот тогаш не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови доживеја вистинско фијаско, зашто пред сцената речиси насекаде имаша „двајца без тројца“. Но, лагата тогаш не ја проголтоа и некои од македонските музички и естрадни уметници, па така на пример Влатко Лозаноски и групата „Љубојна“ демонстративно ги откажаа своите настапи.

Помалку  од 300 луѓе тогаш имало во Струмица, не повеќе од 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни останале плоштадите и во останатите градови, па така на пример  едвај 20-ина луѓе го следеа настапот на тогаш најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево.

Нешто слично се случи и во 2022 година на фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус беше одбележувањето на 21 година од „Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именуваа  „фестивал за мирот“, беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ. Тогаш младата македонска пејачка Антониа Гиговска откако се почувствувала „измамена и изманипулирана“, го откажа својот настап за кој претходно била ангажирана без да и биде кажано со каква цел се организира настанот.

„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман…“ – порача на социјалните мрежи тогаш меѓудругото Гиговска, во своето објаснување за откажувањето.

Веднаш по неа, со свое соопштение во јавноста настапот го откажа и поп ѕвездата Владо Јаневски кој исто така беше најавен дека ќе пее на истиот настан.

П.С. Во меѓувреме, списокот на „измамени“ естрадни уметници – најавени учесници на традиционалниот пикник „Пеленица 2023“ кои ги откажуваат своите настапи се шири… Откако ја сфатиле „партиската игра“ на СДС-мовската општинска организација од Кисела Вода, и брачната естрадна двојка Татјана Лазаревска- Новица Василевски јавно го откажаа својот настап на оваа „партизирана“ прослава, со порака преку социјалните мрежи.

Фото: Архива/Инстаграм и Фејсбук

Останати вести од Радио Милева