Радио Милева
пејачка за специјални прилики

Ако Брега може да има „Оркестар за свадби и погреби“, зошто да не може Марија Луиса Тодоровска да е пејачка за затворска прослава? (ФОТО+АУДИО)

Ако Брега може да има „Оркестар за свадби и погреби“, зошто да не може Марија Луиса Тодоровска да е пејачка за затворска прослава? (ФОТО+АУДИО)

Какви чудни времиња дојдоа, човек да не може да си изначуди што се се слави прославува. Родендени, имендени, слави, празници, веридби, свадби, годишнини…  се некако вообичаени датуми за прослава, на сите нам добро познати… Арно ама, последниве години почнаа да се слават и одбележуваат некои работи кои во најмала рака се чудни и невообичаени. До душа, во  „новото нормално“ се помалку може да не изненади ненормалното, ама сепак… Луѓето почнаа да слават речиси се’ што прават!

Така, последниве години на пример, почнаа  да се слават празници кои воопшто не православни како „Ноќ на вештерките“ или Свети Валентин, попознат како „Денот на вљубените“… Иако е „друго прашање“ за каква љубов се работи?! Некој ги слави љубовта и бракот, а има и такви што наголемо го слават разводот! Повторната „лична слобода“ се слави бетер од свадба!

Но, кога сме веќе кај слободата, веројатно најважното и најелементарно нешто во животот на еден човек, има и такви кои слават малку понаков вид на овој благодет! Можеби не е вообичаено, ама нашата фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска тоа го знае најдобро. Или барем го дозна неодамна, кога доби „невообичаена понуда“ да пее на една чудна забава или поточно прослава.

Имено, пејачката објави преписка на своите Инстаграм приказни, каде непознат лик ја бараа за да пее на една забава. Откако и ги соопштија датумот, бројот на гости и локацијата, Марија пред да се пазари за хонорарот и ја соопшти цената, праша по кој повод е забавата, а одговорот што го доби прво ја изнаненади, а потоа и слатко ја изнасмеа.

Впрочем, истиот може да се додаде како уште еден доказ дека нема што не може да се прослави… со  песна! Особено оноа за кое копнееш, додека си на „ поправно ладење и каење“!

Конечно, ако Брега може да има „Оркестар за свадби и погреби“, зошто да не може Марија Луиса Тодоровска да е пејачка за (пост)затворска прослава?

Фото: Архива/Инстаграм/luisa.todorovska

Останати вести од Радио Милева