Радио Милева
опасна македонка

Огњен Амиџиќ откри дека жена му ги држи сите конци во свои раце: Рецепт за среќен брак или среќен… „папучар“?

Огњен Амиџиќ откри дека  жена му ги држи сите конци во свои раце: Рецепт за среќен брак или среќен… „папучар“?

Популарниот српски ТВ водител Огњен Амиџиќ е горд на љубовта што ја негува кон неговата сопруга Данијела Димитровска која има македонско потекло, но сепак открива дека убавата манекенка е таа што му дава стабилност на бракот и ги држи сите конци во нејзините раце.

„Мислам дека жената отсекогаш била столб на семејството. Не без маж, но сепак таа е некој што ги чува работите да останат заедно и  е столб на стабилноста. Едноставно мислам дека на жените тоа им е во гените. Секако, и помагам, но нејзиниот став, сила и посветеност сепак ставаат сè на прво место, а јас сум тука за тоа да го поддржам, одржам и да и помогнам во сето тоа“ – посочува Огњен, откривајќи што е според него рецепт за среќен брак.

„Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, тоа е рецепт само по себе, затоа и нема кризи во нашиот брак. Сепак, сè што се случува во животот не може секогаш да оди во вистинска насока, има подеми и падови, но ако вистинската личност е до вас, тогаш според приоритетот и разбирањето за сè, работите сами се решаваат. Ако станува збор за личност со која можете да функционирате, со која сте направиле сè и кон која чувствувате нешто, тоа е автоматски приоритет, а сè друго доаѓа на свое“.

Огњен исто така се сети како се запознале тој и неговата сегашна сопруга.

„Данијела и јас се запознавме во емисја и таа ми остави фантастичен впечаток. Јас не сум класичен романтичар во однос на цвеќе и појадокот во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, иако Даниела реагира многу повеќе на оние работи што не се материјални“ –  изјавил водителот за Супер ТВ.

Останати вести од Радио Милева