Живот и Стил

Објавена е листата на градови со најљубезните луѓе во Европа, меѓу кои и три од нашиот регион

Објавена е листата на градови со најљубезните луѓе во Европа, меѓу кои и три од нашиот регион

Неизоставен факт е дека еден од најважните фактори за незаборавен одмор се луѓето кои ги среќаваме по пат.

Пријателските локални жители кои ви приредуваат топло добредојде и сакаат да ви помогнат да се заљубите во нивниот град, може да го претворат просечното патување во незаборавно.

При оценувањето на градот мора да се комбинираат многу фактори: неговата историја, архитектурата, како и неговата гастрономска понуда. Сепак, како и со сè, луѓето се тие кои можат да го подигнат нивото на местото, а европските градови се дом на некои од најпријателските жители во светот.

Туристичкиот магазин „Condé Nast Traveler“ објави листа на градови со најљубезните жители. Интересно е што на оваа листа се најдоа три града од нашиот регион и тоа Белград, Дубровник и Љубљана.

Првото место го зазеде италијанскиот град Сиена. „Има многу кафулиња, семејни ресторани, а градот е познат по годишниот Палио, трка на коњи без седла што се одржува секое лето на Пјаца дел Кампо. Мештаните, се разбира, се познати по нивниот срдечен пречек. На второ и трето место се најдоа ирските градови Корк и Даблин.

На четвртото место на оваа листа е Хелсинки во Финска, а петтото му припадна на Белград. Два шпански града ги зазедоа шестото и седмото место – Малага и Сан Себастијан. Додека друг град од соседството беше на осмото место, тоа е јадранскиот скапоцен камен Дубровник.

Деветтото место му припадна на Букурешт во Романија, а Љубљана во Словенија ги заокружува првите десет дестинации со најљубезни жители.

извор:точка.ком.мк