Живот и Стил

Обичај кој датира уште од античка Грција: Еве зошто никогаш не треба да наздраувате со вода 

Обичај кој датира уште од античка Грција: Еве зошто никогаш не треба да наздраувате со вода 

Еден антички грчки мит објаснува зошто наздравувањето со вода е лоша идеја.

Дури и да не сте љубител на алкохол, го знаете ова „правило“ – никогаш не наздравувајте со чаша вода! Иако ова „барање“ може да изгледа глупаво или како да е само уште една причина да се „испие малку“ зад него, всушност стои античко и нималку наивно верување.

Корените на овој обичај се наоѓаат во антиката. Имено, старите Грци верувале дека кога човек умира, неговата душа оди во подземниот свет – Адот. Во него се наоѓа тажна рамнина обрасната со бледи диви цвеќиња.

Низ таа рамнина течат пет реки: ледената Стикс – реката на омразата, Ахерон – реката на болката, Коцит – реката на оплакувањето, Флегетон – огнената река и Лета – реката на заборавот.

Кога душата на покојникот доаѓа во адот, таа пие од Лета за да го заборави минатото и страдањата во претходниот живот. Оние кои верувале во реинкарнација верувале дека душите пијат од оваа река и за да го заборават својот претходен живот и да бидат подготвени за нов.

Токму тука, се верува, лежи коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода. На тој начин тој што го прави тоа би доживеал предвремен заборав и судбина полоша од смртта.

Извор: Попара.мк