Радио Милева
откачено

Никому не му е јасно што мислеше Бред Пит кога го облече ова: „Вака изгледа кога ќе те стигне средовечна криза“ (фото)

Никому не му е јасно што мислеше Бред Пит кога го облече ова: „Вака изгледа кога ќе те стигне средовечна криза“ (фото)

Бред Пит (59) со своето најново модно издание предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Актерот се појави во Њујорк на снимањето на филмот „Волци“ облечен во бело од глава до петици.

Поради необичниот џемпер кој намерно изгледа излитено и старо, како и панталоните со крзно, на социјалните мрежи коментираат дека ова е најоткаченото издание на Пит досега.

Не знаеме дали се работи за сценска облека за филмот што го снима со Џорџ Клуни или дали Бред го носел ова во слободно време – но секако тоа е незаборавна облека, а тој изгледа одлично и прилично младешки.

Бред Пит очигледно се свртел кон похрабри модни избори во своите педесетти.

Тој предизвика бурни реакции и кога се појави во здолниште на германската премиера на филмот „Speed Bullet“.
„Сите ќе умреме, па ајде да играме малку“, рече тој за здолништето.

Тој исто така претходно изјави за „Vogue“ дека мажите во здолништа дефинитивно ќе бидат следниот голем тренд – и судејќи според другите кои го копираа – беше во право.

Останати вести од Радио Милева