Ирина Шаек се погрижи сите погледи да бидат вперени кон неа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал појавувајќи се во кожен горен дел и здолниште кои ја истакнаа нејзината фигура.
Манекенката на 76-тото издание на фестивалот во Кан пристигна во кожен топ кој беше составен од две вкрстени ленти преку градите и кожно здолниште со низок струк.
Во преден план беа нејзините стомачни мускули, но се постави порашањето дали ова беше вистинскиот избор?
Голем дел од коментарите беа дека изборот е модна катастрофа и целосно промашување.
Се чини дека 37-годишната убавица е речиси без шминка, па иако ја истакна природната убавина, овој пат не наиде на домаѓања.
Руската манекенка оваа недела присуствуваше на премиерата на филмот „Firebrand“ („Le Jeu De La Reine“), а модното издание го заокружи со блескав дијамантски ѓердан со привезок во форма на капка.
фото:Инстаграм/Ирина Шајк