Радио Милева
со цврст став

Саша Ковачевиќ откри од што се откажал за добриот изглед: „Моите велат дека тоа е болест“ (фото)

Саша Ковачевиќ откри од што се откажал за добриот изглед: „Моите велат дека тоа е болест“ (фото)

Саша Ковачевиќ покрај музиката е познат и како голем заводик, по кој лудуваат девојките.

Пејачот никогаш не криел дека неговиот изглед е резултат на големи жртви од секојдневните мали задоволства.

– Следам сопствен режим повеќе од 7 години. Многу сум строг кога станува збор за храна и вежбање. Се случи повеќе од половина година да не изедам чоколадо, толку сум дисциплиниран. Може да оди до крајност и во некаква болест, како што моето семејство сака да се шегува, но тоа е мојот начин на живот – изјави пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Поубавата половина на Саша, долгогодишната девојка, Зорана не заостанува кога е во прашање физичкиот изглед, но за разлика од пејачот е благодарна на мајката природа.

– И јас би помислил дека е дисциплинирана да не ја познавам, а за среќа има таква генетика – искрен беше Ковачевиќ, кој не ја крие среќата што нашол личност која целосно го разбира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

– Таа работи многу интензивно кога треба да снимиме нешто. Колку и да имав девојки до сега, никогаш не сум имал таква страна која навистина не ме оптоварува во ниедна смисла што се однесува до мојата работа. Во оваа работа постојано сте опкружени со понежниот пол и нормално е дека може да ви пречи, но најдов некој кој целосно го разбира – објасни Саша.

фото:Instagram printscreen/ sashakovacevic

Останати вести од Радио Милева