Радио Милева
љубов голема

Нема лабаво: Саканиот не ја испушта Тамара од вид, а кога таа е на сцена тој има посебно место (фото)

Нема лабаво: Саканиот не ја испушта Тамара од вид, а кога таа е на сцена тој има посебно место (фото)

Празничен период, љубовни искри, викенд во Охрид, совршена комбинација за љубовна двојка која е во период на почеток кога им е особено најслатко.

Тамара Тодевска и нејзината нова љубов, архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, изминатиот викенд имаа едно такво љубовно уживање, додуша и работно за Тамара.

Охриѓани минатата сабота имаа прилика да уживаат во настапот на Тодевска, а пак таа и Лука да уживаат во Охрид и се’ она што им го нуди природата и домаќините.

Хотелска соба со панорамски поглед кон езерото, планински воздух, сами тие двајцата и секако љубов.

А кога дојде време да се пее, ѕвездата се качи на сцена и застана пред публиката, а тој веднаш до неа, речиси на сцена, во прв ред за да улови се’ во својот мобилен и секако да биде поддршка, инспирација…

А таа и пееше на публиката, ама му пееше и на саканиот кој беше близу за да и биде уште поубаво, попријатно, а таа предадена на сцена, особено нему.

Евидентно е дека Тамара и Лука уживаат заедно, па и кога работата ќе ги однесе на вака убаво место, магијата едноставно нема крај, а љубовта и страста до облаците!

фото:Instagram printscreen/ radovic_lukaa/ tamaratodevska

Останати вести од Радио Милева