Живот и Стил

Не може да биде поедноставен: Најсочниот колач со портокали (видео)

Не може да биде поедноставен: Најсочниот колач со портокали (видео)

Брз колач со портокали:

Состојки:

230 гр брашно
1 прашок за пециво
3 јајца
3 полни лажици шеќер
50 гр растопен маргарин или путер
4 големи портокали

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава брашното со прашокот за пециво, растопениот маргарин и 200 мл сок од портокал.

Се убаво измешајте и истурете во намрсена тава и печете на 200 степени околу 40 минути.

Исцедете 2 портокали, додајте 1 лажичка мед или засладете по желба и прелијте со врелиот исечкан колач.

Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка:

извор:курир.мк