Живот и Стил

Најбараниот рецепт на интернет, совршена лава колач кој ќе ве освои од прва

Најбараниот рецепт на интернет, совршена лава колач кој ќе ве освои од прва

Засладете ги вашите непца со овој прекрасен десерт кој се подготвува брзо и лесно, а ќе ги воодушеви сите членови на вашето семејство и гости.

Состојки:

170 гр темно чоколадо

1/2 чаша путер

1 чаша шеќер

2 јајца

2 жолчки

1/3 чаша брашно

прстофат сол

1 лажичка екстракт од ванила

дополнително: путер и брашно за подготовка на калапите

овошје, сладолед или шлаг за декорација по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе ги калапите за печење (идеални се калапите за мафини или суфле).

Чоколадото и путерот растопете ги во сад поставен над тенџере со зовриена вода.

Додадете го шеќерот и добро измешајте. Додадете ги јајцата и жолчките и сè добро измешајте.

Додадете го брашното, солта и екстрактот од ванила и сè повторно добро измешајте. Калапот за печење намачкајте го со путер и посипете го со брашно. Истурете ја смесата во подготвениот калап до половина.

Во секој калап ставете по една коцка чоколадо. Потоа со смесата прелијте ја чоколадната коцка.

Печете 12-15 минути. Извадете од рерна и оставете малку да се излади. Превртете го калапот на чинија и посипете какао или шеќер во прав врз лава колачот. Послужете топло со сладолед, шлаг или свежо овошје.

Уживајте!

Извор: Курир.мк