Радио Милева
не крадци, туку штетници...

На познатата српска фолкерка глодари и го уништиле целиот мебел и ентериерот во викендичката на море (ФОТО)

На познатата српска фолкерка глодари и го уништиле целиот мебел и ентериерот во викендичката на море (ФОТО)

Познатата српска фолкерка  доживеала необичен шок пред еден месец, кога пристигнала во нејзината викенд – куќа во Крачиќи во Црна Гора и го пронашла уништен сиот мебел и остатокот од ентериерот.


Таа и нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ прво помислиле дека влегле крадци во нивната викендичка покрај морето, бидејќи сцената била ужасна, слична на онаа по полициски или арамаски претрес. Но, наскоро се утврдиле дека ништо не им недостасува, и не се работи за крадци, туку за штетници. Во прашање се  пухови (вид глодари) кои и влегле во куќата на Нада преку полуотворените прозорци и направиле хаос.

„Не можете да замислите што направија од мојата куќа. Го изгризале мебелот, и сè што беше од дрво внатре. Тие дури изглодале и половина шише. Кога тогаш не добив мозочен удар, мислам дека никогаш нема“ – плачејќи објасни пејачката кога ја прашале за коментар.

Нејзиниот сопруг Златко продолжил да објаснува како се случило глодарите да влезат во нивната куќа во Крачиќи.


„Ги оставивме прозорците отворени на кип, моравме заради влагата, а на нив имаме мрежи против комарци, па бевме убедени дека ништо нема да се случи. Сепак, глодарите ја пробиле мрежата за комарци и влегле внатре. Најдов два пуха во тоалетот, влегле таму да пијат вода, а во кујнскиот мијалник пронајдов и неколку малечки од нив. Страшно е тоа што го направија. Го фрливме мебелот, ги варосавме sидовите и го дезинфициравме секој агол“ – ни се пожали сопругот на пејачката. Топчагиќ дојде во Белград минатата недела и планира да остане тука уште неколку дена, по што таа и нејзиниот сопруг ќе заминат во својата куќа на Тара, каде што го поминуваат поголемиот дел од своето време додека трае пандемијата на коронавирусот.

Останати вести од Радио Милева