Радио Милева
призна

Нада Топчагиќ врескала во авионот, а стујардесите веднаш реагирале: Пејачката од страв не знаела каде се наоѓа (фото)

Нада Топчагиќ врескала во авионот, а стујардесите веднаш реагирале: Пејачката од страв не знаела каде се наоѓа (фото)

Нада Топчагиќ сѐ уште не може да го надмине стравот од летање, па се присети на неколку ситуации кои се случиле кога летала сама, а во една прилика поради страв задоцнила на летот.

– Секогаш беше добро кога одеа и други колеги, па сите заедно летаме, но се случуваше да летам сама од Виена до Тирол, да бев сама во авионот, а имаше само седум патници. Се случија турбуленции, а јас почнав да врескам, така што стјуардесите дојдоа кај мене, а сите непознати беа наоколу – раскажала таа. Нада признава дека најмногу се нервира кога некаде патува, а мора да смени неколку авиони.

– Најлошо ми беше кога сум сама на лет, тие порти, летот доцни, а ти треба да се смениш некаде, не можам да се снајдам таму. Од страв не знам каде сум и затоа еднаш доживеав авионот да ми одлета, па останав во Милано пет дена – додала Нада и признала дека никогаш не се качува во авион трезна.

– Да не се лажеме, морам да пијам и да бидам расположена за авион, инаку нема шанси да заминам. Да влезам трезна во авионот, се може да се  случи.

Фото: printskrin/instagram/topcagicnada

Останати вести од Радио Милева