Мегафон
Новогодишна програма

На Плоштад Македонија: „Улица на радоста“

На Плоштад Македонија: „Улица на радоста“

Град Скопје со радост ве поканува на „Улица на радоста“, од 23 до 31 декември, заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да споделиме радосни моменти со Дедо Мраз, Белата и Црната кралица, џуџињата и ангелите и новогодишната музичка парада.

На Плоштад Македонија ве очекуваме и на новогодишниот базар каде ќе можете да најдете необични новогодишни декорации, да вкусите интересна храна или да одберете подарок за најблиските. Не заборавајте да се сликате пред големата новогодишна елка! Повелете на Плоштад Македонија и уживајте во предновогодишната магија. Да ја дочекаме новата 2018 година со песна и радост!