Радио Милева
одраз во огледало

На мачката и мрда опашката: Бојана Нушкова ги потспушти гаќичките, па си го услика и мачето (ФОТО)

На мачката и мрда опашката: Бојана Нушкова ги потспушти гаќичките, па си го услика и мачето (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова покрај кариерата која ја гради и дома и во регионот, се’ почесто е присутна и во медиумите и на социјалните мрежи.

Фотографирањето не им естрано на оние што се занимаваат со оваа професија, разголувањето исто така, зашто обете се дел од работата на убавиците кои чекорат по модните писти или рекламираат разни модели на облека, обувки, козметика, разни акцесоари…

Патем долгоногата македонска убавица и приватно речиси секојдневно го „кити“ својот Инстаграм со разни фотографии, меѓу кои неретко има и предизвикувачки и провокативни. Впрочем ваква снага и телесни атрибути би било штета да стојат скриени, па затоа Бојана го споделува сиот свој телесен раскош сликајќи се во различни секси пози. Или барем такво чувство предизвикува, а и таков впечаток остава со своите „скокотливи“ фотографии.

Неодамна таа стави и пирс во обете гради, па покажа како изгледа и како им стои „арматурата во брадавици“ на разголените убавици како неа.

Овој пат Бојана исто така решила малку да си поигра со камерата од мобилниот и тоа со разголено селфи во огледалото од спалната соба. Манекенката останала само по гаќички, ја поткренала  провидната маичка под која ништо не носи па убаво и се отцртуваат складно обликуваните голи гради, па тргнала да менува пози!

Убавицата ги потспуштила гаќичките и со еден клик се „фотнала“ себе си, ама си го усликала и мачето. Не она кое само се насетува, а на кое можеби многумина помислија, туку она што и влетало во кадарот кога ќе ја отворите целата слика! Нејзината убава бела мачка која случајно влетала во фокусот на објективот.

Всушност,  не е една туку се две. Едната на четири нозе со гордо крената глава, другата на две, со напрчено секси га*е во ист кадар!

А мачка како мачка… Нема згодна мачка на која не и мрда опашката, па така и на оваа… Затоа и ја има во кадарот!

На секоја згодна мачка пак, штом оддома надвор зачекор, веднаш и се лепат мачори… Особено ако вака „ги пали“. Затоа и на фотографијата се не една, не две, туку три…

Дали е третата мачор или само нечиј одраз во огледало е прашање за „сто долари“? Она од милион, гласи малку поинаку: „Што е со мачорот на газдарицата“? Одговорот сепак побарајте го кај убавицата… Кај Бојана!

Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova

Останати вести од Радио Милева