Радио Милева
во бело

На Ирена Спировска и дојде редот да биде невеста: Водителката блесна во венчаница тесна (фото)

На Ирена Спировска и дојде редот да биде невеста: Водителката блесна во венчаница тесна (фото)

Секоја година овој период е според некое нестандардно правило резервиран за промоција и одржување на настани од кои идните невести можат да си изберат венчаница која целиот живот ја замислиувале дека ќе ја носат на големиот ден.

За да им се сугерира, односно предложи она што е тековно во тренд како и она што го нудат домашните аталјеа и модни салони, се случуваат ревии и настанот „Саем на венчавки“ каде модели се познати водителки, пејачки, манекенки…

Речиси секоја година заштитно лице и редовно во венчаница ја гледаме Марјана Станојковска која сигурно и самата не знае колку модели облекла, ја видовме и водителката Сања Савеска, а годинава за сефте ја гледаме и Ирена Спировска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

Таа облече тесна венчаница во сирена крој што ја нагласи нејзината витка линија, а се’ за потребите на модната куќа со која соработува и редовно носи нивни модели кога се појавува на јавен настн или пред камери.

Бидејќи ова беше ретка прилика и работна за неа, Ирена се фотографираше во повеќе пози и од различен агол, а за постигнатиот ефект доби многу ласкави пофалби во коментари за објавата.

Случајно или не, во венчаница  гледаме водителки и тоа оние кои воопшто не ја облекле својата вистиннска венчаница за големиот ден, мајата очигледно не фаќа така лесно, но со облечи, соблечи од еден во друг фустан, веројатно ќе дојде ред и за вистинскиот модел во вистинското време.

фото: instagram printscreen/ irenaspirovska and elenaluka_official

Останати вести од Радио Милева