Промотер

„My Tear“ со нивниот препознатлив поп-рок саунд отвораат нови граници – „На старите страници“ (ВИДЕО)

„My Tear“ со нивниот препознатлив поп-рок саунд отвораат нови граници – „На старите страници“ (ВИДЕО)

Скопскиот состав „My Tear“ го објави својот најнов видео-запис за песната „На старите станици“, во режија на Милан Блажевски.

Спотот е снимен во Студио 1060 од страна на Милан Блажевски и Јосип Здравковски, екипата позната по видео записите на 21 век.

Музиката и стиховите се на Дени Крстев, додека аранжманот е на сите членови на самиот бенд кој го сочинуваат: Дени Крстев, Кристијан Лафазановски и Ненад Трифуновски – Трипе.

Инаку песната е снимена миксана, и мастерирана во студиото 1060 во текот на месец август – септември 2023 од страна на Дени Крстев и Ненад Трифуновски – Трипе.

“На старите станици” е прв сингл од новиот албум на „My Tear“ којшто треба да излезе до крајот на годинава. Дел од албумот ќе можете да го слушнете на годинешниот „Здраво Млади фестивал“ што ќе се одржи  на 23 септември во Младинскиот Културен Центар  (МКЦ) во Скопје.

Во меѓувреме проследете го нивното музицирање во новото видео – „На старите страници“.