Радио Милева
музичко образование

„Музиката е најубавото нешто“ – Дејан Матиќ ги поддржува  синовите да тргнат по неговите стапки (фото)

„Музиката е најубавото нешто“ – Дејан Матиќ ги поддржува  синовите да тргнат по неговите стапки (фото)

Пејачот Дејан Матиќ  на медиумите даде неколку новости за својот живот.

Братот на пејачот  Саша Матиќ, Дејан е оженет со Јелена и со неа има два сина Зоран и Константин. Често семејно одат во Грција, а тој откри дека неодамна таму купил стан.
– Многу често одиме во Грција. Минатата година ми беше некако вентил, не останав долго таму, но времето кога бев таму беше многу добро. Доаѓам, се распакувам,и  им велам на децата: „Ајде момци во вода“. Жена ми ми вели: „Па што ќе се случи кога ќе биде десет и пол навечер? Велам,  не е важно – кажал Дејан.

Синовите на Матиќ имаат музичко образование и ќе ја имаат неговата поддршка доколку сакаат професионално да се занимаваат со музика и да го следат неговиот пат.

– Сакаат да одат на мои настапи и да одат во музичко училиште, сега сме малку пред пресврт, бидејќи постариот се запиша во Спортска гимназија, многу сака музика и спорт, па балансираме. Би сакал и двајцата да бидат музички писмени ако сакаат да го прават тоа, музиката е најубавото нешто – изјавил Дејан.

Фото: Принтскрин/СТ/Владимир Луќич

Останати вести од Радио Милева