Промотер

Музичко качување по „заспаната животинка“ на Скопје- „Нерези“ на „Баклава“ (видео)

Музичко качување по „заспаната животинка“ на Скопје- „Нерези“ на „Баклава“ (видео)

Групата „Баклава“ Ви го презентира новото музичко видео за песната „Нерези“. Спотот е изработен од Марјан Јаневски, додека песната веќе позната од албумот „Од Скопје со љубов“, е авторство на Елена Христова. Токму за ова видео од „Баклава“ велат:

-Ова видео е креација на Марјан Јаневски и ова ремек-дело од видео е подарок. И искрено на кој не се надевавме. Кога разбравме дека за нас, дотогаш ново име во фотографијата, направил видео на една од нашите песни, бевме скептични. Зошто баш таа песна? Како ли ќе ја долови таа елегија, таа опеана природа создадена од темен алт, кларинет и тишина, таа долга нумера што воопшто не се поклопува со стандардите на урбаната брзина која ни е секојдневие. И се изненадивме.

– Како што ќе каже и самиот Марјан: каменот од блиску доаѓа. Но, овој пат во една прекрасна смисла на самата поговорка. Бевме маѓепсани од тој мир на видеото, од таа симбиоза на стиховите каде се спомнуваат скопските населби како протагонисти. Како битија. Песна за Водно, песна за скопското Нерези, но и Капиштец, Трнодол, Пржино, Црниче, Жданец… И за пчеличките. Песна за нашето Скопје, онакво какво го сакаме кога се качуваме на таа „заспана животинка“ за да си го видиме градот. Ма каков и да бил. Се надеваме дека Марјан Јаневски го чека светла иднина со својот талент. И благодарни сме му. Се надеваме дека и на гледачите ќе им се допадне, велат од „Баклава“.

Песната од албумот „За Скопје со љубов“ под издавачката куќа CPL Music, Германија.

фото:Јутјуб принтскрин