Радио Милева
восхит за пример

Можеби сме навикнати дамите од естрадно-јавниот живот „да си вадат очи и кубат коси“, но овие две русокоси покажаа дека постојат и поинакви моменти: Мелита на Миа Костова јавно и подели комплимети! (ФОТО)

Можеби сме навикнати дамите од естрадно-јавниот живот „да си вадат очи и кубат  коси“, но овие две русокоси покажаа дека постојат и поинакви моменти: Мелита на Миа Костова јавно и подели комплимети! (ФОТО)

За естрадата и јавните личности воопшто, важи некаково непишано правило дека сето тоа е всушност еден голем „циркуз“ во кој подобар е оној кој ќе излезе „поголем кловн“… И во она штои може да се види и во она што се случува зад кулисите, каде штом се спушти завесата ретко некој со некого е искрено близок пријател, отворен и искрен… Велат: „Мала бара, полна со крокодили, кои кога нема што да јадат, се јадат межу себе“.

Затоа неретко сме сведоци, особено кај  припаднички на понежниот пол од естрадно-јавниот живот и јавно да се препукуваат и озборуваат по медиумите, да се караат и расправаат, омаловажуваат и навредуваат, закануваат и псујат…  Со еден збор, „да си вадат очи и кубат коси“ дури и за најбанални ситници.

Но еден пример кој осамна на социјалните мрежи кај нас покажа дека нешто сосема спротивно, нешто сосема поинакво, што е вистинска реткост последниве години. Зашто, можеби сме навикнати дамите од естрадно-јавниот живот „да си вадат очи и кубат коси“, но овие две русокоси покажаа дека постојат и многу поинакви моменти. Како овој, кога Мелита на Миа Костова јавно и подели комплимети!

Имено, некогашната ТВ водителка, сега една од водечките македонски инфлуенсерки Миа Костова гостуваше во нпоследното издание ( 15 мај 2023) на подкастот на Стефан Лазаров.

Taa меѓу останатото отворено и искрено говореше за сите приватни моменти во животот, опишувајќи се во кратки црти себе си. Своите навики, жалби, потреби, ставови, сфаќања… И сето она што ја прави она што е: Искрена отворена, бескомпромисна, храбра, „без влакна на јазикот“…!

Тоа некои оддамна го препознале, некои допрва ја откриваат, некои многу добро ја знаат ам не би даја коментираат оти така (не)им оговара… Но кога една друга јавна личност, исто така некогашна популарна ТВ водителка, денес позната трендсетерка како што е Мелита Ракичевиќ јавно ќе и подели комплименти на колешката… е тоа е веќе нешто!

Токму Мелита на своите Инстаграм приказни обзнани како ја доживува Миа, па нејзината фасцинација од колешката – рускоса јавно ја споделила опишувајќи ја на најубав можен начин:

„Кога ќе ве фасцинира друга дама, кога ќе и поделите од срце комплименти, кога во душа чувствувате само восхит и уживате во туѓа слика, е тогаш сте ги надминале сите простачки форми на лична несигурност и завист… Миа“ – споделила Мелита зачинувајќи го постот со бакнеж покрај фотографијата на Костова.

разбирливо, комплиментите годат, особено кога се јавно искажани, а пак уште и повеќе од дама која е исто така јавен лик и на некој начин ви е или ви била колешка и своевидна конкуренција… Токму затоа ниту Миа Костова не и остана должна на Мелита, па исто така јавно и возврати со благодарност:

„Фала драга Мели“ – напишала Миа додавјќи и таа емотикони на блаженство и љубов во вид на срциња.

Така двете русокоси покажаа со личен позитивен пример, дека естрадно – јавната сцена не ја разбираат како „поле за војна на ѕвездите“, туку и како „мирно море со ведро небо“ по кое слободно можете да ездите!

Фото: Инстаграм принтскрин/ miandrija/melitameli

 

Останати вести од Радио Милева