Радио Милева
кога работата е задоволство

„Не ми треба одмор“: Миа Костова нема да се откаже од социјалните мрежи (фото) 

„Не ми треба одмор“: Миа Костова нема да се откаже од социјалните мрежи (фото) 

Работата на Инфлуенсерите која изгледа лесна и едноставна и носи одлична заработка, а  за оние кои ја работат оваа работа е чиста забава и целосно уживање.

Тоа сега го потврди и една од најпознатите македонски инфлуенсерки,  поранешната водителка Миа Костова,  која отворено призна дека  си ја сака работата, но и  условите кои ги има, а кои и дозволуваат секој момент да го исполни со она што таа го сака без оптоварување и трка со времето.

Периодот на одмор сама го определува, а работата ја завршува со големо задоволство, без никаков товар.

Кога вистинската личност ќе се најде на вистинското место лесно ќе ги покаже своите способности, квалитети и умеења и тогаш успехот е повеќе од загарантиран, а резултатот одличен.

Па кога задоволството и работата се едно исто, никому не би му било тешко да оди и да работи.

Така популарната Миа одговараше на прашања од следбениците на Инстаграм профилот, па во едно од нив ја откри вистината и тајната на успехот.

– Дали ти доаѓа да одмориш од социјалните мрежи ? Онака да оставиш телефон некој период?

– Најискрено не! Многу си ја сакам работата и многу ретко ја доживувам како терет. Или како нешто од што ми треба одмор. Кога сакам знам да здивнам ден два ама тоа не значи дека не сум тука, туку може само да нема сториња  – јасна беше таа како и секогаш.

Се разбира, нема ништо поубаво кога ќе се спојат задоволството и работата и се’ оди како подмачкано и лесно како песна.

Фото: printskrin/instagram/Miandria

Останати вести од Радио Милева