Радио Милева
да избегнат неверство и лаги

„Моите синови нема да имаат девојки, ќе живаат со мене до крај на животот!“: Софија Милошевиќ со заштитнички став кон нејзините наследници (фото)

„Моите синови нема да имаат девојки, ќе живаат со мене до крај на животот!“: Софија Милошевиќ со заштитнички став кон нејзините наследници (фото)

Софија Милошевиќ, познатата манекенка, изминатиот викенд била на премиерата на претставата „Лагата“ во Белградскиот драмски театар, каде дошла да ја поддржи својата пријателка Јелисавета Орашанин. А по оваа претстава изгледа се исплашила за синовите и нивниот иден љубовен живот, па се пошегувала и изјавила дека нема да имаат девојки.
По претставата, Софија за Информер.рс  отворено се изјаснила за нејзиниот вереник, фудбалерот Лука Јовиќ и наследниците Алексеј (2) и Теодор (1).

– Моите синови нема да имаат девојки и нема да бидат во ситуација некој да ги изневерува! Ќе живеат  со мене до крајот на животот и ќе ја сакаат само својата мајка – рекла манекенката, сè уште под импресии од претставата која зборува за љубовните проблеми и лаги, а потоа се „премислила“:

– Само се шегувам, секако дека ќе имаат девојки и нема да им се мешам во изборот, како што не ми се мешаа ниту моите родители. Го пресеков тоа право од корен и не им дозволив да ми се мешаат во изборот.

Манекенката вели дека не поднесува лаги, особено меѓу партнерите, но признава дека понекогаш знае да го излаже Лука дека сè одлично му стои.

– Многу луѓе живеат во лаги затоа што им одговара. И мене ми се случува, но тоа е безопасна работа. На пример, кога другарка ми ќе ме праша како и стои фустанот и не ми се допаѓа, нема да и кажам дека е грдо затоа што не сакам да ја повредам. Се согласувам со Лука само кога е гардеробата во прашање, ништо повеќе од тоа! Тоа е многу чувствителна област бидејќи ако вашиот партнер открие дека сте го изневерувале за нешто сериозно, започнува хаос во врската и врската пропаѓа – изјавила Софија Милошевиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева