Мегафон

Многу вредни награди во финалето на македонското музичко талент шоу „Нови и млади“

Многу вредни награди во финалето на македонското музичко талент шоу „Нови и млади“

Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ се приближува кон крајот, односно  до своето финале чие снимање е закажано за 4-ти јули. Победниците ќе бидат богато наградени и тоа за прво место парична награда плус австралиска турнеја, за второто и третото место исто така се предвидени парични награди, како и снимање на авторски песни, и доелување на признанија.

На дел од финалистите ИН ТВ – Австралија ќе им понуди потпишување ексклузивни договри, а сето ова ќе го гледаме во финалето на македонското талент шоу, во кое се пее исклучиво на македонски.

Оваа сезона има натрпеварувачи и од Германија и Албанија, а намерата е зачувување на македонската песна и култура. Во шоуто имаат право да се пријават учесници од сите националности, но услов е да се пее исклучиво на македонски. Организатори на ова големо талент шоу се ИН продукција и ИНТВ – Австралија.