Во пресрет на 96. доделување на „Оскар“: МОБ за прв пат организира „Оскаровска гала вечер“

10 Фев , 2024 Мегафон

Во пресрет на 96. доделување на „Оскар“: МОБ за прв пат организира „Оскаровска гала вечер“

Во пресрет на 96. доделување на наградите Оскар, „Mакедонската опера и балет (МОБ)“ ја организира првата Оскаровска гала вечер во среда, на 28.02.2024 со почеток во 20 часот.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

„Низ ова незаборавно филмско – музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на МОБ се: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Дан, Христијан Тоневски…

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне на црвениот тепих во 19:30 часот.

„Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност“ порачуваат и ве канат организаторите.

, , , , , ,


Comments are closed.