Радио Милева
славеа посебен ден

Млади и заљубени до уши: Исплива 16 години стара фотографија на Јелена и Новаќ Ѓоковиќ (фото)

Млади и заљубени до уши: Исплива 16 години стара фотографија на Јелена и Новаќ Ѓоковиќ (фото)

Јелена Ѓоковиќ во една прилика сподели фотографија на која е забележан моментот кога таа и Новак Ѓоковиќ прославиле две години од врската.

Цели пет часа цел свет го следеше финалето на Вимблдон и возбудлив меч во кој силите ги одмерија најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз кој на крајот сепак победи.

Меѓу најжестоките навивачи беа родителите на Новак, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и неговата сопруга Јелена со нивните деца, а познато е дека тие се неговата најголема сила и поддршка. Нивниот приватен живот е делумно познат на јавноста – во текот на кариерата на Ѓоковиќ делеле многу со остатокот од светот, но,  повеќе чувале и за себе.

И покрај тоа, интересот за животот на Новак надвор од теренот не стивнува, а неговата сопруга често споделува некои семејни моменти на социјалните мрежи и израдува многу обожаватели на славниот Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Таа во една прилика ги воодушеви сите кога на Инстаграм сподели фотографија на која го овековечи моментот кога ја прославија две годишната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Како што објаснила, сликата ја извлекла од таванот, а настанала кога ја прославувале годишнината од запознавањето и победата на Новак на Дејвис купот.

„Гледам како изгледаме овде како да сме основци, а со 1001 роза ја прославивме нашата двегодишнина од запознавањето и освојувањето на Дејвис купот. P.S. Ништо без драга Јоца и неговите магични цветни решенија“, објасни Јелена во коментар.

Фото: Принтскрин/Рас Србија/Мн Прес

Останати вести од Радио Милева