Радио Милева
неверојатно

Речиси и да нема разлика: Ова е двојникот на Новак (фото)

Речиси и да нема разлика: Ова е двојникот на Новак (фото)

На социјалните мрежи вирална стана фотографија од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со својот двојник.

Имено, популарниот сајт “We are tennis”, кој секојдневно ги објавува најсочните работи од „белиот спорт“, овој пат го поткачи великанот со „близнаците“ и целосно ги полуде следбениците.

Имено, британските медиуми ја споредија фотографијата на светскиот рекет број еден со познатиот холивудски продуцент Мајкл Енглер – и речиси и да нема разлика, освен што Американецот е постара верзија.

Дали некој од вас ги видел Новак Ѓоковиќ и Енглер заедно во иста просторија“, напишале на шега во описот на оваа објава.

Ѓоковиќ неодамна беше на натпревар во НБА каде му даде поддршка на српскиот ас Никола Јокиќ на натпреварот на Денвер против ЛА Лејкерс, а во таа прилика беше фотографиран како носи наочари кои не се во негов стил. Сепак, тоа беше поттик за медиумите да емитуваат сосема идентична слика на Енглер, дури и со истите очила. Под објавата има бројни коментари, а следбениците сѐ уште не можат да поверуваат колку сличности има меѓу овие две големи ѕвезди.

Одамна е познато дека Ноле се поврзуваше и со ликот на Никола Тесла, што повторно можевме да го видиме во масовноста на овие коментари.

Ѓоковиќ број два е наградуваниот режисер и продуцент Мајкл Енглер, кој стои зад популарниот филм „Downton Abbey“, а има работено и на бројни други проекти. Да ги споменеме најпопуларните – сериите „Сексот и градот“, „Шест стапки под земја“, „Мојот таканаречен живот“, …

Фото: printskrin/instgaram/

Останати вести од Радио Милева