Радио Милева
еден бакнеж - децениска годишнина

„Господинот ја бакна госпожата“: Сара Мејс и Димитар Атанасовски пред 10 години – моментот кога паднал и првиот љубовен валцер (видео)

„Господинот ја бакна госпожата“: Сара Мејс и Димитар Атанасовски пред 10 години – моментот кога паднал и првиот љубовен валцер (видео)

Кога времето ќе помине и ќе останат спомените луѓето ги фаќа носталгија, па обожаваат да се присетат на минатото кое го поминале и оставило некаква трага во нивниот животот.

Токму тоа и се случи сега и на македонската пејачка и харфистка Сара Мејс која се присети на еден важен момент со повод од пред 10 години, кога на еден настан,  со сегашниот сопруг Димитар Атанасовски за прв пат се бакнале.

Таа почна да раскажува од почеток, па се’ до тоа како дошло до бакнежот.

– Имаше едно време едно прекрасно шоу што се викаше „Танц со ѕвездите“. Мој партнер беше Мишо Спасовски, а оваа емисија ја снимивме пред точно 10 години од денес.

 

Но, истата таа вечер, уште еден валцер изиграа Димитар Атанасовски и Јована Василевска.  – продолжи таа.

– Малку подоцна таа вечер, господинов од крај – Димитар Атансовски ја бакна госпожата до него“ – обелодени таа.

Па така за овој убав и  посебен повод  со  спомени, Сара  на нејзиниот сопруг му ја честиташе годишнината од нивната љубовна приказна.

Страста и емоциите кај нив сега се на високо ниво, а Сара Мејс со ова сеќавање ги разнежни и следбениците на социјалните мрежи.

Фото: printskrin/instagram/sara_mace

Останати вести од Радио Милева