Промотер

Мијата на овие летни горештини каде и да сте ви посакува – „Добра ноќ, добар ден“ (ВИДЕО)

Мијата на овие летни горештини каде и да сте ви посакува – „Добра ноќ, добар ден“  (ВИДЕО)

Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.

Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“.

„Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.

 

Музиката е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски.

Мијата неодамна ја отвори и сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол,  каде изведе авторски и кавер нумери од својот репертоар, а настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара.