Радио Милева
брендирана... одзади

Миа Костова има „женска тајна“ како дечко и да не и го утне името: „Читај, пред да гасиш светло…“! (ФОТО)

Миа Костова има „женска тајна“ како дечко и да не и го утне името: „Читај, пред да гасиш светло…“! (ФОТО)

Македонската ТВ водителка и менаџерка Миа Костова се брендираше… одзади!  Имено, таа доби на подарок горна пижама со интересен дезен. Апликации со цветен принт и испишано нејзиното име на грбот. Интересно, корисно, а Бога ми и практично, како што тврди и самата Миа. До душа како единствена жена во домот нема кој да и ја замени пижамата со друга, ама затоа може да се случи да и го заменат името… И тоа со името на бившата или с’ краја да е – идната! Па за да не се случи, не дај Боже, ситуација кога во моменти на интима од преголема возбуда или од промилите алкохол актуелната љубов да ја ословиш со „погрешно име“ во вистинско време, Миа на своето момче уште пред предиграта да почне, му приушти можност да се потсети со кого влегува во љубовен клинч!

Е сега, можеби мал хендикеп е што уште во старт ќе мора да му сврти грб, ама ако… Тоа може да биде и компаративна предност зашто во случај сепак нешто да тргне наопаку, Миа секогаш има и План Б, наречен „womеn secret“  или „женска тајна“!

Имено, ако момчето не ја познае по името, ќе ја познае по тетоважата на грбот! Конечно ако и тоа не му успее, доволно е тој само да ја смени страната или таа едноставно да се заврти!

Читај одзади пред да гасиш светло… Или ако веќе си го угаснал, еден допир однапред на „женската тајна“ што секоја жена ја носи на себе… И сигурно нема да (ја) згрешиш!  Ем жива радост за обајцата, ем елеганција во спиење… за саканата!

Останати вести од Радио Милева