Радио Милева
роденденска љубов

Мартија со неколку фотографии јавно и го честиташе роденденот на мама, а мајка и Снежана ги реобјави, па и возврати со најубави зборови: „За тебе живеам“! (ФОТО)

Мартија со неколку фотографии јавно и го честиташе роденденот на мама, а мајка и Снежана ги реобјави, па и возврати со најубави зборови: „За тебе живеам“! (ФОТО)

Поврзаноста помеѓу децата и родителите е нешто што трае цел живот. Особено со личноста што те родила, зашто една е мајка, нели? Кај некои таа е повеќе, кај некои помалку изразена, но помеѓу младата пејачка Мартија Станојковиќ и нејзината мајка Снежана, таа е повеќе од евидентна.

Госпоѓа мама е верен следбеник на својата ќерка уште од времето кога оваа беше малечка, малолетна, а не е многу поинаку и сега, кога Мартија е веќе голема девојка. Снежана е  нејзина верна сенка која ја следи насекаде. До душа сега од малку поголема дистанца, зашто слатката мала кумановка сега многу нешта може сама, но сепак…

Нивната поврзаност како мајка и ќерка сега е уште поголема, па иако малку поразлична, сега таа наликува како онаа на две другарки или на постара сестра со помалата.

Затоа Мартија не само што роденденот на госпѓа мама не го заборави, туку  и  јавно го обзнани, па денот што го чекаме цела година и јавно и го честиташе на својата мајка Снежана.

Неколку фотографии на социјалните мрежи од различни периоди беа доволни Мартија мајка си да ја остави без зборови. Или поточно, од неа како возвратна љубов и благодарност за четитките, да ги слушне оние – најубавите, како: „За тебе живеам“!

Имено, Снежана секоја фотографија објавена на Инстаграм приказните на Мартија на која таа и го честита роденденот, ја реобјави на своите со топли мајчински зборови на љубов и благодарност…

Особено ја погоди една фотографија од младоста која нејзината ќеркичка ја споделила, на која Снежана е во  фармерки, па истата вака ја искоментира:

„Ајјјј… сликава… Фала душо мајкина“ – споделила госпожа мама, на чиј лик од младоста денес нејзината ќерка неодоливо потсетува и личи.

Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic

Останати вести од Радио Милева