Радио Милева
„скокотлива“ најава...

Мартија ќе го освојува регионот, а регионот ја препозна(ва) и пред целосно да му се претстави: На убавата кумановка Македонија и е „тесна“? (ФОТО)

Мартија ќе го освојува регионот, а регионот ја препозна(ва) и пред  целосно да му се претстави: На убавата кумановка Македонија и е „тесна“?  (ФОТО)

За младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ веќе пишувавме дека наскоро се подготвува да ги израдува своите обожаватели со нова песна.

Антониа и Мартија подготвени за жешко лето: Младите убавици се на добар пат да им го „украдат шоуто“ на поискусните колешки (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Младата убавица всушност веќе визуелно тоа и го стори  со последните објави на социјалните мрежи на кои е многу активна. Особено ги „загреа“ следбениците на својот Инстаграм, со последните објави, на кои „малата сирена“ во прилично провокативни фото-пози ја заскокотка машката фантазија, покажувајќи не само вокално, туку и визуелно дека македонската естрада има надежна иднина.

Имено Мартија, со две секси фотографии ја најави својата нова песна и видео, а позите се веројатно дел од кадрите за темата која носи наслов „Не волиш“ (Не сакаш), што укажува дека на убавата кумановка Македонија и е „тесна“?

Мартија наумила да го освојува регионот, и тоа со влез на голема врата, па затоа веројатно во старт е ангажиран нашиот композитор и продуцент кого токму регионот најдобро го познава и почитува, Дарко Димитров, кој „ги замешал своите прсти“, преку својата музичка креација, умеење и знаење во новиот проект на младата пејачка.

Каков ќе биде финалниот производ наскоро ќе дознаеме, зашто по фотографиите дали е песната хит не може да се препознае, но затоа пак може нешто друго да се дознае.

Имено, регионот младата македонска музичка ѕвезд(ичк)а веќе ја препозна(ва) и пред таа целосно да му се претстави.

Регионалните портали веќе во најава пишуваат за новата песна на Мартија,  но и за нејзната провокативна најава, која не остана не забележана во поедини медиуми и надвор од Македонија!

Најавите уште во старт ветуваат, а обожавателите едвај чекаат на најавениот новитет да му се израдуваат… Уште ако и(м) се погоди песната… Кој среќен и задоволен  не би бил, особено кога Мартија во старт покажа ваков сексапил!

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/nema zabranjenih

 

Останати вести од Радио Милева