Радио Милева
Секси блесок

Марјана за едни свети како елка, а за други е пожелна како милион: Полн погодок или моден кич? (фото)

Марјана за едни свети како елка, а за други е пожелна како милион: Полн погодок или моден кич? (фото)

Во 2022 се изнагледавме доста перфектни модни изданија од Марјана Станојковска за која ги доби сите пофални зборови, како од медиумите, така и од следбениците на социјалните мрежи.

Легитимно е да има и вакви и такви коментари, на едни да им се допаѓа, а на други не. Сепак, бројот на оние првите е поголем, а меѓу нив има разбирливо повеќе мажи, но со убав и ласкав збор тука се и припадничките на понежниот пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Во време на празничен предновогодишен период, Марјана облече син светкав комбинезон, кој за неа е проверена варијанта која совршено и прилега на нејзината линија.

Долги нозе, тесен струк, бујни гради или едноставно перфектен физички спој од горе до голу.

Коментарите се нижеа еден под друг, а меѓу многуте се најоа и оние малкуте на кои не и се допадна изборот, па напишаа дека е како светкава елка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Во ваков период светкавите стајлинзи останаа „must have“, па дали за некого е кич или полн погодок е работа на вкус.

Јасно е едно, Марјана е секс бомба која што и да облече на себе блеска од женственот и сексапил.

фото:Инстаграм/Марјана Станојковска

Останати вести од Радио Милева