Мегафон
Полна трофеи

Марија Спасовска со 5 награди на „Тра-ла-ла 2018“

Марија Спасовска со 5 награди на „Тра-ла-ла 2018“

Дури пет награди на Интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“ отидоа во рацете на младата музичка надеж Марија Спасовска, која веќе има соба полна трофеи од целиот свет. Во својата богата колекција таа сега ја додаде специјалната награда – Диплома и Пехар – и наградата за најдобар глас, а освои и стипендија за школување на вокал во Романија (април, 2019 година) од претседателот на интернационалото жири, акредитација за фестивал во Швајцарија каде што ќе ја претставува Македонија, како и покана за претставување на Македонија на интернационален фестивал во Полска.

Пресреќна сум  На Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла Охрид/Битола го предизвикав вниманието на 18 -членото жири и освоив
1. Специјална награда Диплома и Пехар  2. Награда BEST VOICE
3. Стипендија за школување на вокал во Романија (април 2019 година) од претседателот на Интернационалното жири 4. Акредитација за фестивал во Швајцарија каде ќе ја претставувам Македонија
5. Покана за претставување на Македонија на Интернационален фестивал во Полска

Како што споменавме, ова е само еден во низата успеси за 12-годишната пејачка, која на почетокот на летото го промовираше и своето тинејџерско првенче – синглот Играј со срце“, а во април триумфираше и на меѓународниот фестивал „Откритија на Европа“ во Москва.

извор:radiomk