Радио Милева

Марија Шерифовиќ реагираше на злонамерните коментари упатени до неа поради синот : „Ќе ви објаснам“ (фото) 

Марија Шерифовиќ реагираше на злонамерните коментари упатени до неа поради синот : „Ќе ви објаснам“ (фото) 

Марија Шерифовиќ неодамна го доби синот Марио, кој на свет го донесе сурогат мајка. Колку е среќна пејачката затоа што станала родител, покажуваат нејзините објави со синот на социјалните мрежи.

Марија неодамна објави видео како танцува со своето бебе, додека малиот е во кенгур и ужива додека мама му пее.

Овој момент воодушеви многумина, а имаше и такви кои оставија лоши коментари. „Кога ќе ги видам овие носачи на кенгур… Ни за колковите, ни за нозете на бебето (ги криви нозете на детето)… ужас, треба да се забранат“, „Знам дека не ме прашале за совет, но јас од искуство би рекла дека носачот не е адекватен за новороденче, положбата на главата и рацете не е добра“, „Најди друг носач за доброто на колковите, драга, биди среќна и секогаш пеј му“, беа некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Марија се огласи и јасно им кажа дека знае што прави.

– Па, вие луѓе сте навистина неверојатни. Ќе објаснам затоа што во моментов имам живци! BabyBjorn Mini е направен за бебиња од 0 до 12 месеци и од 3 до 11 кг. Тие исто така мора да бидат најмалку 53 см. Секако фала за советот, единственото нешто што би сакала да те научам е како да пишуваш навистина добронамерен совет, но во моментов немам нерви за тоа. Што се однесува до музиката, син ми од раѓање го учам што е добра музика и само со неа спие правилно. Не грижете се, ние мериме и децибели. Всушност, за да скратиме, внимавајте на вашата работа. Всушност – сиктер! За останатите љубовта се разбира, напиша Марија.

Инаку, Марија неодамна за „Блиц“ откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее. – Се е во ред и се е под контрола, логистиката ми е силна страна и се е како што треба, се е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна музика и не сака брза музика, не сака бавна музика – рекла таа.

Фото: printskrin/instagram/serifovic

Останати вести од Радио Милева