Мегафон
евросонг 2022

Македонија не се пласираше во финале на Евровизија: Андреа „извиси“! (ВИДЕО)

Македонија не се пласираше во финале на Евровизија: Андреа „извиси“! (ВИДЕО)

Во Торино, Италија, се одржа и втората полуфинална евровизиска вечер, на која покрај претставничката на Македонија, нашата Андреа, настапија уште и претставниците на: Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Иако Андреа Коевска, која ја претставуваше земјава со песната „Кругови“ на  композиторот Александар Масевски повеќе од пристојно ја испеа својата песна, сепак не се пласираше во финалето. Таа настапи 11-та по ред, а уште откако беше промовирана песната, речиси постојано се наоѓаше на последното место во обложувалниците, чии прогнози и предвидувања за жал на крајот и се обистинија.

Во финалето, кое ќе се одржи в сабота, на 14-ти мај, се пласираа овие 10 полуфиналисти од втората вечер: Белгија, Чешка, Азаербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Запотсетување, на првата полуфинална вечер која се одржа во вторникот,  влез во саботното финале изборија: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.