Радио Милева
браво

Лина Пејовска на „Тик ток“ воодушеви со изведбата на песната „Поноќ“ од филмот „Тома“ – „Секоја чест жено, се наежив“ (видео)

Лина Пејовска на „Тик ток“ воодушеви со изведбата на песната „Поноќ“ од филмот „Тома“ – „Секоја чест жено, се наежив“ (видео)

Филмот „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.

Ова е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата.

Освен животот на пејачот, се обработува и неговата музика која за филмот ја компонира познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

Нема кој не го заплака додека го гледал филмот кој сруши рекорди на гледаност.

Сопругата на покојниот Тома Здравковиќ, Гордана во едно интервју изјави дека со филмот почувствувала дека се вратил Тома и тој како да е тука.

Песната „Поноќ“  која во филмот ја пејат Тома ( Милан Мариќ) и Силвана Арменулиќ (Taмара Драгиќевиќ)  односно гласот е на Ацо Пејовиќ и  Сузана Бранковиќ стана вистински хит и на „Јутуб“ има над 11 милиони прегледи.

Maкедонската пејачка Лина Пејовска која важи за една од најдобрите млади вокали на „Тик ток“ објави снимка на која ја пее песната „Поноќ“ од „Тома“ и предизвика лавина од позитивни коментари.

@linapejovska 🤍 #fyp ♬ original sound – Lina Pejovska

„Ау жено“, „Во животот се немам толку наежно колку кога го слушнав ова“; „Браво“, „Се наежив“, „Вака се пее“, „Секој чест“, „Се наежив, честитам“  се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.

фото: принтскрин/инстаграм/лина пејовска/принтскрин/прватв/принтскрин/инстаграм/филмтома здравковиќ

Останати вести од Радио Милева