Промотер

„Лилит“ е музичко откритие… не, туку вистинско „Чудо“ (ВИДЕО)

„Лилит“ е музичко откритие… не, туку вистинско „Чудо“ (ВИДЕО)

Зад уметничкото име „Лилит“ се крие една млада, шармантна и симпатична охриѓанка, која низ клубовите ширум Скопје и Македонија е позната како вокал на бендот„Балтер“.

Емилија Колоска е млада дама на која пеењето и е во вените иако професијата или поточно, професионалната диплома ја добила на Универзиттетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, на Економскиот факултет и тоа диплома по маркетинг.

Деновиве таа какодел од една екипа вонсериски музичари под името „Лилит“ на јавноста и го претстави своето музичко „Чудо“, огледано во истоимената тема. Необична и чудна, но мошне ефектна фузија на стилови, од џез и блуз, до амбиентална атмосфера зачинета со беспрекорниот вокал на Емилија која на целата тема и дава своевидна мистика, драматика и себесвојствен шарм, правејќи ја неподносливо лесна за слушање и уживање во миксот на комплицирани жанрови.

А, како и не би, кога имињата на проверените мајстори на занаетот и својот инструмент, секој засебно, се наоѓаат на списокот на музичари на оваа „ол-старс“ екипа која покрај Емилија ја сочинуваат: Трајко Таци Симоновски – бас, кој е воедно и автор на музиката и текстот на песната, Мартин Вучиќ – тапани, Дамир Имери – клавијатури, Иван Петровски – гитара и секако, споменатата вокалистка.

За темата „Чудо“ едноставно, но ефектно видео кое кореспондира со атмосферата на темата направил уметничкиот фотограф и режисер Тоше Јанев – Јанус. Проследете го ова „Чудо“ на „Лилит“  со топлата препорака на еден од нејзините фанови која гласи:

Никаква голотија само еден феноменален вокал, мелодија која смирува, прекрасна музика, уште подобар аражман. Продукт кој те тера устата да ти биде подзината! Во светот на Карлеуши и Кардашијанки бидете Емилија Колоска!“  Проверете дали е во право?