Радио Милева
гени

Ликот го наследил од татко му, но и талентот за музика: Кој е синот на познатиот Тома Здравковиќ? (фото)

Ликот го наследил од татко му, но и талентот за музика: Кој е синот на познатиот Тома Здравковиќ? (фото)

Тома Здравковиќ е легендарениот пејач кој прерано замина, а неговото сеќавање е зачувано преку филмот „Тома“ кој денес е еден од најгледаните.

Познатиот пејач Тома Здравковиќ остави неизбришлива трага во музиката, неговите песни се вечни, а емоцијата што ја пренесе е неопислива со зборови.

Беше женет четири пати и има две деца. Од бракот со Славица во 1963 година ја има ќерката Жаклина, а со сопругата Гордана синот Александар.

Синот на Тома Здравковиќ е роден во 1978 година во Торонто, каде што сè уште живее и работи. Тој никогаш не бил експониран во јавноста, а во една прилика кога се појавил, сите се согласиле дека сликата е на неговиот славен татко. За жал, Тома почина кога Александар имал само 13 години.

Гордана и Тома врската ја започнале во Канада, а по раѓањето на синот се вратиле во Белград. Таа во сè го поддржуваше пејачот и беше негова безусловна поддршка, а нивниот заеднички живот го одбележаа бројни подеми и падови.

‒ Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат како сум растел со него. Порано се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев премногу млад кога умре, дури подоцна сфатив колку значеше за музиката и што остави зад себе. Кога започна мојата прва љубов, почнав да ги разбирам неговите песни – изјави еднаш Александар.

Александар не само што физички личи на својот татко, тој од него го наследил и талент за музика, па има музичко студио во родниот Торонто каде што создава песни и се занимава со уметност.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Пинк

Останати вести од Радио Милева