Промотер

„Либеро бенд“ го промовираа својот „Ангел“… што тера на грев (ВИДЕО)

„Либеро бенд“ го промовираа својот „Ангел“… што тера на грев (ВИДЕО)

Најбараниот македонски бенд за живи свирки по кафулињата и клубовите уште еднаш покажа дека со напорна работа и посветеност може да се дојде до речиси совршен музички производ.

Имено,  такава е новата песна и висеоспотот За неа на момчињата од „Либеро бенд“, насловена „Ангел“. Песна која уште од прво слушање предизвикува возбуда, влегува во уво и го воодушевува слушателот.

Направена по современ терк, сосема поразлична од она што досега го изведуваа како сопствен музички продукт и стил, Иван Иванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски своето најново аудио-визуелно остварување вчера, 23 март 2023 година го промовираа во познатиот скопски ресторан „Дион“.

Пред, за вакви прилики изненадувачки многуте присутни новинари, музичарите појаснија дека долго се работело на конечниот изглед на песната и  видеоспотот.

И заради зафатеноста на авторите кое се веројатно анјдобрите што во моментов Македонија ги има и заради желбата да се направи парче уметност кое ќе ги задоволи најстрогите уметнички критериуми и стандарди, а во исто време ќе биде и по вкусот на публиката која преферира и полесно ги прима покомерцијалните остварувања.

И се чини дека во тој баланс „Либеро бенд“ максимално успеале, зашто „Ангел“ е навистина и музички и визуелно нивно совршенство во досегашната кариера… Но, не само нивно, туку и лекција и предизвик за многу други како се прави поизвод кој може да конкурира и на региналниот пазар во радио и ТВ етерот.

Музиката и текстот ги потпишуваат познатите брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски, додека филмската визуелизација на нивниот „Ангел“ беспрекорно ја пренел на слика проверениот мајстор Даниел Јовески.

Со автентична симболика во видеокадрите кои преку неговиот уметнички израз совршено ја следат лириката на стиховите, чија патина  вокално одлично ја пренел пејачот на бендот Иван Иванов.

Се’ на се’, ретко компатибилен аудио-визуелен производ во кој сликата исполнета со силна симболика, впечатливо ја надополнува и пренесува емоцијата преточена во песна.

Како звучи и изгледа љубовниот „Ангел“ на момчињата од „Либеро бенд“ , проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):