Промотер

Лара Иванова е убедена дека ова лето е нејзино – „Нека гори“ (ВИДЕО)

Лара Иванова е убедена дека ова лето е нејзино – „Нека гори“ (ВИДЕО)

Лара Иванова, девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред две години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент, амбициозност и желба уште еднаш покажаа дека нештата кои се работат со посветеност и многу љубов вродуваат со плод.

Нејзината нова тема „Нека гори“ ја има моќта да ве подигне и натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците и енергичниот бит, кој наговестува уште еден музички летен хит.

„Нега гори” е дело создадено од македонскиот музички продуцент Иван Јованов – Ивајо и Робин Зимбаков.

Како важен дел од музичката кариера на Лара Иванова е дуетот со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 22 милиони прегледи на Јутјуб. Тие минатата година се претставија со овој хит на најголемиот музички македонски фестивал „Макфест“. Овој дует е најсериозниот кандидат за добивање на наградата најслушана песна помеѓу две изданија на фестивалот.

Покрај настапот на „Макфест“, минатата есен Лара беше номинирана за регионалните Mac награди во две категории со песните „Ремек дело“ и „Јас против целиот свет“ кои се во соработка со македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов.

За каков музички талент зборуваме, Лара го покажа со добивање на наградата за „Најперспективен артист“ на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Се надеваме дека овој нов музички производ ќе биде уште еден нејзин хит кој ќе го продолжи патот на нејзината успешна музичка кариера.