Радио Милева
брачен рецепт

Ламбе долго време ја криеше сопругата, а сега откри каде лежи зајакот за среќа во бракот (фото)

Ламбе долго време ја криеше сопругата, а сега откри каде лежи зајакот за среќа во бракот (фото)

Ако до пред седум години речиси и заборавиме на поп пејачот Ламбе Алабаковски кој живееше во Америка, денес постојано го гледаме на телевизија, концерти, социјалните мрежи… Ламбе е на домашен терен, сеприсутен, предан на семејството и секако на музиката на која и се врати како порано.

Ова е особено изразено откако се случи скандалот со подметнатиот пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Преспанчанецот со битолка адреса, си се врати на стара и позната територија, а со него и сопругата и децата.

Иако многумина кои тргнале во потрага по подобар живот не им текнало да се вратат назад, Ламбе е меѓу ретките повратници на млади години. Во една емисија неодамна кажа дека не сака неговите наследници да растат и да се градат според тамошните вредности, туку да го научат она што им е свое, во корените – македонското.

-Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу , кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“, изјави Ламбе во едно интервју.

Поддршка во одлуките како семеен човек очигледно има од сопругата Магдалена. Пејачот не преферира да ги меша приватноста и јавниот живот, така што заеднички моменти со саканата одамна не сме виделе, се досега. Без повод, но веројатно со причина, Ламбе и Магдалена направија една заедничка фотка за на Фејсбук.

Слика и прилика на среќна брачна двојка, стиснати еден до друг, насмеани, особено таа. Во оваа насмевка Ламбе ја откри и едноставната шема за поубав и хармоничен брачен однос кој е видлив на прва и тоа кај Магдалена.

-„Happy wife, happy life“ или во превод од „среќна жена, среќен живот“, толку едноставно, друри со рима, но веројатно силно комплексно до крајниот среќен исход.

Ламбе очигледно си ја научил лекцијата од поодамна, а со оглед на тоа дека цела деценија функционираат заедно покрај сите промени, адаптации, одгледување и воспитување деца, Ламбе и Магдалена го имаат клучот за складен брак и хармоничен однос.

За потсетување, Ламбе Алабаковски околу седум години заедно со сопругата живееше во Детроит . Магдалена по потекло од Битола и по професија медицинар, а на американско тло му ги роди двајцата наследници Михаил и Димитриј.

фото: Facebook/ Ламбе Алабаковски

Останати вести од Радио Милева