Мегафон
промотивна посета

Кристијан Кики Рахимовски на прес матине со македонските медиуми: „Не сакав да влезам во чевлите на татко ми Аки, кој мислам дека би се согласил со ваквиот мој избор“ (ФОТО)

Кристијан Кики Рахимовски на прес матине со македонските медиуми: „Не сакав да влезам во чевлите на татко ми Аки, кој мислам дека би се согласил со ваквиот мој избор“ (ФОТО)

Кристијан Кики Рахимовски, синот на легендарниот Аки Рахимовски вчера, среда 27.12.2023 година беше во посета на Скопје. Неговото доаѓање имаше два повода. Првиот, во името на неговит покоен татко да ја прими награда во вид на статуетка за особен придонес и заслуги во афирмирањето на Македонија, која на Аки постхумно му ја додели  Македонскиот олимписки комитет (МОК), а втораиот работната дружба со претставниците на македонските медиуми, која се одржа точно напладне во градската кафеана „Пелистер“ во Скопје .

На ова своевидно ПРЕСС матине со естрадните новинари, наследникот на лозата на Рахимовски првично ја претстави својата нова песна  „Киша је падала“, која заедно со баладата „Сузе небеске“, со која настапи на фестивалот „Белградска пролет“ ќе се најде на неговиот нов албум, што е во подготовка, а ќе излезе под етиката на „Кроација рекордс“ чија скопска испостава предводена од новинарот Иван Беќковиќ беше и организтор на настанот.

Но, Кики не зборуваше само за својата кариера, идните планови, новиот албум… туку ја обзнани и соработката сдо неговиот сега веќе официјален менаџер, проверениот стар лисец Саша Драгиќ, кој воедно е и музички автор, како и самиот Кики. Драгиќ кој исто така беше дел од ова ПРЕСС матине, ги кажа своите гледања, размислувања и идни планови поврзани со соработката со Кристијан Рахимовски, но, не ветувајќи „кули и планини“ зашто  како што самиот истакна: „Ако сакаш да го исполниш ветеното и повеќе од што си ветил, во старт не ветувај ништо или барем не многу“ – како што вели една стара мудра изрека.

Кики Рахимовски во разговорот со новинарите одговараше и на нивните прашања, во кои допре повеќе теми од неговиот живот, кариерата, односите со неговиот покоен татко, посетите на Македонија…   Евоцираше спомени на Тоше, на советите од татко му Аки, на тоа кога и како „стариот“ му признал дека сега навистина станал пејач…

„Татко ми не веруваше во самиот старт во мене иако јас бев упорен. Нему му стана јасно дека пеењето ќе ми биде животна определба како и нему откако почанав да постигнувам успеси. Но, дури по мојата фестивалска победа во 2016-та ми рече: ‘Е сега можам слободно да заминам, ти стана пејач’. Понекогаш знаеше да каже дека јас имам дури и поголема дарба од него, бидејќи ете, Бог ми дал и глас, но и талент самиот да си ги создавам своите песни, додека тој само пее“ – раскажа Кики.

Хрватскиот пејач со македонска крв во вените зборуваше и за семејството, за големиот бенд кој го прослави татко му – „Парни ваљак“ и релециите со неговите членови по заминувањето на Аки…

„Притисокот од јавноста и медиумите беше огромен… Многумина очекуваа и велеа деке е логично токму јас да бидам новиот пејач на „Парни ваљак“, но тоа не се случи затоа што јас тоа и не го сакав, бидејќи имам свој пат по кој чекорам. Не сакав да обувам туѓи чевли, особено не оние од татко ми. Мислам дека и тој би се согласил со ваквиот мој избор. Затоа настапив со бендот само на двата концерти во загрепска Арена во чест на татко ми Аки. Тоа беа тешки моменти, имаше и солзи, но никогаш тоа не го сфатив како натпревар, за тоа кој ќе биде новиот пејач на групата“ – се присети Кики, додека Саша Драгиќ засега најави само помали свирки, со по неколку песни и промоција на новата песна „Киша је падала“ со гостувања во Загреб, Белград, Сараево, Подгорица… и секако во Скопје.

Фото: Приватна архива